Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација: Институциите да го почитуваат принципот на секуларност и поделба на власта

0
By Marija Todorovska on July 22, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 22, 2025 12:43

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието да не го гласа предлог – Законот за установи за средно образование на верските заедници.  Законот е противуставен и правно неусогласен, задирајќи во секуларниот карактер на државата, реагираат од Мрежата.

И покрај претходната реакција на Мрежата за неуставноста на предлог-Законот, Комисијата за образование, наука и спорт го оцени како прифатлив и го даде на  понатамошно читање.

Освен фактот што одредби од предлог-законот се неуставни, истиот содржи одредби коишто се неусогласени едни со други. Апелираме до пратениците да не го гласаат предлог-Законот и да внимаваат на уставните  одредби при гласање и предлагање на закони, апелираат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Во реакцијата се вели дека особено загрижува фактот што Собранието, по втор пат, предлага  закон со содржина којашто претходно Уставниот суд ја има оценето како неуставна, со што се загрозува принципот на поделба на власта.

Таквиот однос на  законодавниот дом сериозно го загрозува принципот на поделба на власта,  којшто е клучен за едно демократско општество, базирано на владеење на  правото. Одлуките на Уставниот суд служат како насока за секое наредно регулирање  на одредена област и претставуваа клучна алка во принципот на „кочници и  рамнотежа” (checks and balances), велат од Мрежата.

Тие апелираат Собранието да не го изгласа предлог-Законот, и Владата да се  откажа од носење на закони коишто се спротивни на Уставот и задираат во  принципот на секуларност.

верски заедници закон мрежа за заштита од дискриминација реакција секуларност Средно образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.