Во рамки на консултативните средби за европскиот предлог за евроинтеграции на Северна Македонија од Владата информираат дека премиерот Димитар Ковачевски одржал брифинг со претставници од граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари.

Во соопштението се вели дека премиерот Ковачевски упатил благодарност за, како шпто е наведено, придонесот што го даваат граѓанскиот сектор и експертската јавност во овие клучни моменти за државата.

„Премиерот Ковачевски посочи дека Владата, партнерски, низ дијалог и консултации, носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека Владата нема дилеми за стратешкиот правец на државата и одлуките што ќе се носат ќе бидат на прогресивната страна со јасна заштита на јазикот и идентитетот на државата да одлучиме дали сме на прогресивната страна“, се вели во соопштението.