Египетскиот суд ги осуди на смртна казна лидерот на забранетото Муслиманско братство Мухамед Бади, како и 13 други високи членови на организацијата поради предизвикување хаос и насилство. Пресудата беше соопштена денеска, а судењето беше пренесувано во живо на телевизија.
Американскиот и египетски државјанин Мухамед Солтан е осуден на доживотен затвор поради поддржување на организацијата и пренесување лажни вести. Пресудата може да биде обжалена пред највисокиот цивилен суд во Египет, а целата жалбена постапка може да трае со години.
Осудените беа меѓу илјадниците уапсени по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013. Претседателот Абдел Фатех ал-Сиси, кој како шеф на армијата го собори Морси по масовните улични протести, оцени дека Муслиманското братство е главна закана за безбедноста. Братството, пак, тврди дека се посветени на мирен активизам и оти нема ништо со неодамнешните насилства предизвикани од исламистички милитанти во земјата.




