Доцна попладнево полицијата го уапси бегалецот Ајвази Ајдиљраман алијас командант Тануша за издржување на казна затвор од 20 години. Тој се бараше за кривичното дело обиство, по наредба на скопскиот Кривичен суд.

Од МВР соопштија дека Тануша ќе биде однесен во затвор.

-Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги и Единицата за интервентна полиција денеска околу 19 часот го лишија од слобода А.А. (37) од с.Мојанци, скопско, за кого била распишана потерница на Основен Кривичен Суд- Скопје вв чл.123 ст.1 (убиство) од КЗ на РСМ, се наведува во соопштението на МВР.