Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осуетен повикот за насилство врз Шекеринска на социјалните мрежи

0
By Marija Todorovska on March 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2024 15:00

„Ако некој сака да ја влече за коса во Уранија е“, гласи повикот за насилство врз поранешната пратеничка на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, од извесен профил Блефер на социјалната мрежа Х, објавувајќи неовластено фотографија од нејзе како седи во кафуле.

Покрај многуте критики имаше и такви како профилот Зоран Мушонов кој вели: „Ааа не ги сскај 5 години тешка робија чини тоа задоволство“.

Пришто Блефер му одговара: „5 години е внатре во Собрание и ако има пратенички имунитет. На улица треба да провериме како одат казните“.

Профилот Блефер ја избриша фотографијата и повикот за насилство откако не успеа да ги нахушка граѓаните да извршат насилство, како што беа нахушкани на 27 април 2017 година кога упаднаа насилно во Собранието и ги тепаа пратеници на СДСМ, а меѓу тепаните и влечена за коса и удирана со тврди предмети и тупаници беше и Шекеринска.

За да не се мачат „тепачите“ да бараат каква казна предвидува законот, еве што вели Кривичниот законик во Член 152: 

Неовластено снимање

(1) Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна

(4) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба.

Дали надлежните институции ќе реагираат и ќе ги санкционираат сите што повикуваат и поттикнуваат насилство?

ЦМТ

Уранија Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.