Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта
Бутел во Скопје, по повод осум години од неговата смрт.

Глигоров беше прв претседател на независна Република Македонија, кој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и нејзиното меѓународно признавање.

Во владината делегација, покрај Димитров, беа и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.