НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осум години по нападот врз „Шарли Ебдо“, псевдоновинарството ги става во опасност карикатуристите

0
By Соња Крамарска on January 9, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 7 јануари 2015 година, канцелариите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ беа цел на терористички напад. Пукањето во „Шарли Ебдо“, како и серијата терористички напади што ја потресоа Франција, и целиот свет во тој јануари 2015 година, ги одземаа животите на 17 лица, вклучително и 11 новинари и безбедносни лица во канцелариите на списанието во париз. Овој терористички чин го фокусираше вниманието на заканата од милитантниот ислам, но одговорот на нападите од Французите беше генерално солидарност, а не одмазда.

Осум години подоцна, на 4 јануари 2023 година, сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ објави специјален број посветен на „мула“, особено насочен кон Али Хамнеи, духовниот водач на Иран од 1989 година. Бројот содржи, покрај вообичаената содржина, и 35 карикатури, победниците на конкурсот наречен „Мула оди си“.

Емануел Дел Росо во едиторијалот на Картун Мувмент пишува: Ова е едиторијал за лошото новинарство и „Шарли Ебдо“. Но, – извинете што ќе ве разочараме – тоа не е уште една скандал насочен кон францускиот сатиричен магазин. Приказната е друга, а се одвива во Италија.

Една од 35-те избрани карикатури е реализирана од италијански уметник Паоло Ломбарди. Карикатурата се појавува и на насловната страница на изданието, бидејќи е прилично напорно дело, во склад со стилот на „Шарли Ебдо“. Потоа видов дека делото на Паоло стана вирално, објавено и повторно објавено на интернет, користено и за поддршка на каузата на иранските демонстранти и за навреда на Паоло и Шарли Ебдо.

Очигледно, објавувањето на тие карикатури не му одговараше на иранскиот режим. Беа дадени официјални изјави и закани со одмазда. Сите се сеќаваме што се случи во 2015 година во канцелариите на „Шарли Ебдо“ и, пред тоа, во 2005 година, контроверзноста што ја предизвика данскиот Jyllands Posten со серијата карикатури против пророкот Мухамед, потсеќа Дел Росо.

Сега повторно, како пред 8 години, ситуацијата е напната и прилично нестабилна.

Само, овој пат, причина за тоа не се само исламските милитанти. Нестабилноста , во лов на кликови, ја подгреваат и неколку медиуми,

Возење на вестите за еден куп кликови

Среде ваквите полемики, италијанските весници и ТВ канали како La Stampa, SkyNews24, Open, La Nazione и други помали медиуми, објавија написи во кои објаснуваат дека карикатуристот Паоло Ломбарди добивал закани и дека сега е под полициска заштита.

Секако, допрев до него за да му ја дадам мојата поддршка. Згора на тоа, еден од моите цртани беше избран и од Charlie Hebdo, а моето семејство беше загрижено за ситуацијата. Имав желба да разговарам за тоа со него, да слушнам како се одвиваат работите и можеби да побарам совет. Исто така, му предложив да контактира со Cartoonists Right Network International, непрофитна организација која работи на безбедноста на карикатуристите, објаснува Дел Росо. На мое големо изненадување, Паоло ми рече дека сето тоа е лажно.

Ломбарди потврдил дека никогаш не му се заканувале и никогаш не зборувал со весниците кои објавувале стории за тоа дека е во опасност.

Но, има изјави од вас, реков! Ми рече дека ги земале од интервјуто што го дал вчера за еден мал локален весник, при што апсолутно никогаш не рекол дека му се заканувале, вели Дел Росо.

Тој сега се обидува да ги натера медиумите да ги повлечат или да ги изменат своите дела, јасно напишани за клик-бајт и да водат полемика која – ако некогаш постоела – не ѝ припаѓа ни на Италија.

Во разговор на Фејсбук со Дел Росо, Паоло категорички негира дека му се заканувале:

„На новинарите што ми се јавија дека треба да објават им кажав дека никогаш не ми се заканувале, но тие не го направија тоа… Ним им е важно само да го интервјуираат карикатуристот во опасност… ме доведуваат во опасност со своите написи .“

Ова псевдоновинарство ги става во опасност карикатуристите

Да се биде карикатурист е тешко, тоа е тешка професија.

Медиумите редовно објавуваат карикатури, но повеќе не ангажираат карикатуристи како персонал во редакциите, па затоа не се таму да помогнат, во случај некој карикатурист да биде загрозен или нападнат – физички или вербално.

Карикатурите стануваат вирални, понекогаш дури и се менуваат, понекогаш се објавуваат и дискутираат на платформи посетувани од радикализирани поединци. Платите се мали, заштитата не постои. Во многу земји карикатуристите не се сметаат за новинари, иако се изложени на сите ризици со кои се соочуваат новинарите.

А потоа, згора на сето ова, има и „псеудо“ новинарство. Оној што измислува вести за да ги покрене брановите на медиумска виралност, да донесе малку повеќе корисници на веб-страниците на весниците, да продаде уште неколку примероци, да добие малку поголема видливост. А на врвот на псеудо новинарството, има и новинари кои земаат лажни вести и ги реобјавуваат, искористувајќи ги и изложувајќи ги авторите.

На Паоло никогаш не му се заканувале и никогаш не зборувал со весниците кои објавувале стории во кои тврдат дека тој е во опасност. Тој се обиде да ги натера да ги сменат написите, но тие не слушаат, потенцира Дел Росо.

Сочната вест е дека сега италијанскиот карикатурист е во центарот на ситуацијата во која се вклучени слободата на печатот и режимот на земјата која лесно може да се хаштагира, со многу јасен потенцијал да стане вирален.

Не е важно дали Паоло, или кој било друг карикатурист, всушност е доведен во вистинска опасност од лажното новинарство. Неговото име и лик сега се насекаде, а тоа дефинитивно може да го привлече вниманието на радикализираните поединци.

Тој сега е потенцијално во опасност поради ваквото псевдоновинарство.

Некој треба да направи карикатура за ова. Или уште подобро, треба дасе отвори конкурс: „Псевдо-новинари, одете си“.

Извор: Цивил Медиа

Емануел Дел Росо Паоло Ломбарди Шарли Ебдо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.