Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа во немирите, 317 се повредени

0
By Ivana on January 5, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 5, 2022 21:04

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев изјави денеска дека апелирал до безбедносната алијанса поддржана од Москва за помош за справување со протестите низ државата.

„Денеска упатив апел до шефовите на државите на ОДКС (Организација на Договорот за колективна безбедност) да му помогнат на Казахстан во надминувањето на оваа терористичка закана“, рече тој на државната телевизија. Токаев додаде дека „терористичките банди“ што ги водат протестите „добиле обемна обука во странство“, јавија западни медиуми.

Останатите земји од тој Договор се – Русија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан и Ерменија. Засега Москва официјално тврди дека настаните се внатрешен проблем на властите во Нур-Султан и тие можат сами да се справат со тоа.

-Терористичките банди кои учествуваат во протестите поминаа сериозна обука во странство и нивниот напад во суштина треба да се смета за меѓународен напад и акт на агресија, рече  Токаев. Терористите веќе зазедоа големи локации, вклучително и авиони, рече тој во телевизиска изјава.

Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа и 317 се повредени во немирите во таа држава.

Демонстранти, вооружени со пушки и гранати во Алмати, ја демолираа претседателската резиденција, јавија локални медиуми. Резиденцијата е опожарена, а горат и околни згради, додека полицијата по истрели од огнено оружје ја напуштила зградата.

Вонредната состојба воведена во поранешниот главен град Алмати и западен Казахстан сега ја опфаќа целата земја, соопштија властите. Се воведува забрана за штрајкови, јавни собири, сообраќајни ограничувања, полициски час и строг режим за оружје, лекови, алкохол и зголемени полициски права за запирање и претрес.

Поради најмасовните протести од независноста на земјата пред 30 години, блокиран е интернетот, а прекинати се и плаќањата преку интернет и кредитните картички. Демонстрантите ги зазедоа најголемиот во Алмати и третиот по големина во Актау аеродроми во земјата, а авиокомпаниите ги откажуваат летовите за Казахстан.

По телевизиското обраќање на претседателот Токаев со ветувања за најстроги мерки, редици за подигнување готовина имаш пред банкоматите, но и утрото имаше поплаки дека банкарските картички не се обработуваат.

Според локални медиуми продавниците за храна во Алмати почнале да примаат само готовински плаќања, некои компании за испорака на производи престанале да работат и не може да се повика такси. Финансискиот регулатор и Народната банка изутрината инсистираа финансиските институции да работат нормално, а доколку има прекини тие се поради интернет конекција. Во попладневните часови целосно беше исклучен интернетот, а со тоа и сајтовите на медиумите и институциите.

Во Алмати, поранешниот главен град на Казахстан, беше заземен од демонстрантите  најголемиот аеродром, при што патниците и персоналот беа евакуирани, а обезбедувањето  повлечено. Авиони не полетуваат и не слетуваат таму. Меѓународните летови за денеска и утре до Алмати почнаа да ги откажуваат „Аерофлот“, „Катар ервејс“ и кувајтската „Џезира ервејс“.

Протестите почнаа во неделата во провинцијата Мангистау, која произведува нафта во западен Казахстан, по укинувањето на прописите со кои беше ограничена цената на горивата. Сега според западни медиуми, протестите се и против власта на Токаев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.