Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осврт по Будимпешта: Последниот шампионски танц на вардарки

0
By Нова ТВ on May 13, 2018 ВЕСТИ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штета. Како поинаку и пократко би можело да се опише петтиот неуспешен обид на ЖРК Вардар за искачување на клупски ракометен Олимп на стариот континент. „Ласло Пап арена“ вечерва повторно беше поплавена од македонски солзи што овојпат беа поболни од сите претходно изронети во Будимпешта. Шампионската прослава на Скопје и воопшто на цела Македонија повторно ја украде Ѓер во денот во кој шампањското се ладеше од изутрина, па и, веројатно, однапред испечатените „limited edition“ маички со наслов „ШАМПИОНИ“ ќе останат само спомен на едни прекрасни години и за ракометарките и за ракометни фанови.

„Што да кажам. Грозно се чувствувам. Не ни било судено. Дел од девојките можеби ќе триумфираат во Лигата на шампиони со некои други клубови во иднина, за мене ова беше последна шанса“, низ солзи искоментира Андреа Пенезиќ по мечот.

Забелешки апсолутно нема никакви. Ниту има простор ниту е време ниту има потреба. Македонската јавност силно ја посакуваше победата, силно посакуваше нов женски континентален титулар по Кометал Ѓорче Петров во 2002 година, но не посилно од самите вардарки кои го заслужија сиот респект. Секоја одбрана на Амандин Лејно, секој гол на Андреа Лекиќ го дигаа до максимум и адреналинот и кардиограмот кај искрените ракометни фанови кои, пак, се идентификуваа со секоја капка пот на дресовите (сеирџии и хејтери не влегуваат во категоријата). Истите тие сега сочувствуваат со секоја капка во очите на Јованка Радичевиќ, на Андреа Пенезиќ, на Александра Лакрабер, на Андреа Чанаџија, на Андреа Кликовац, со болниот израз на лицата на Драгана Цвијиќ, на Полина Кузнецова, на Ина Суслина, на Сара Ристовска.

„Силно посакувавме победа, бевме фокусирани на овој натпревар за кој напорно трениравме и со нетрпение го очекувавме.  Силно ја посакувавме титулата, но повторно загубивме. И самите видовте дека мечот беше тежок, дека Ѓер е навистина силна екипа која беше и посреќна и повторно слави. Жалам што не успеавме во последниот настап во овој состав да славиме“, изјави Лејно која благодарение на 36. одбрани (по 18 против Ростов и против Ѓер) беше прогласена за МВП на Фајналфор турнирот во Будимпешта.

Судбината си поигра со ракометарките на Вардар и повторно се прекрши на нивни грб. Второ финале во низа во ЛШ (петто учество на завршните турнири во низа) против ист ривал, вторпат поразени на идентичен начин и по идентичен пат. Ѓер и лани стоеше на вардаровата рута кон тронот во еминентното натпреварување на ЕХФ, Ѓер и лани победи со еден гол разлика, Ѓер и лани победи по продолженија. Да бидеме искрени – заслужено иако и девојките во „црвено-црна комбинација“ ја заслужија таквата улога во „филмот“ Лига на шампиони. Не само оваа година туку и минатата. Но, нејсе.

Македонија е среќна што сите овие години наназад пулсираше со вардарки, благодарна е за сервираните причини за радост, за среќа, за насмевки на лицата, победнички подигнати раце. Екипата се разделува по Будимпешта, речиси секоја тргнува по свој пат во потрага по сопствената среќа на друго место останувајќи во спомен и добро сеќавање на овдешната јавност. А, таа ќе остане со надеж дека ќе добие нова прилика да бодри шампионки какви беа вардарки или во минатото кометалки и дотогаш со задоволство ќе прераскажува и ќе се присетува на партиите во СЦ „Јане Сандански“ и надвор од него.

Ѓер ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.