Осврт по Будимпешта: Последниот шампионски танц на вардарки

Планираната прослава на Скопје и воопшто на цела Македонија повторно ја украде Ѓер во денот во кој шампањското се ладеше од изутрина, па и, веројатно, однапред испечатените „limited edition“ маички со наслов „ШАМПИОНИ“ ќе останат само спомен на едни прекрасни години и за ракометарките и за ракометни фанови

Ракометна ЛШ: ЖРК Вардар и Ѓер во реприза на ланското финале

Актуелниот европски вицепрвак ја оправда фаворитската улога во дуелот со Ростов и со конечни 25:19 (полувреме 10:7) закажа пресметка со Ѓер што ќе биде реприза на ланскиот меч за титулата и одлична прилика за одмазда за минималниот пораз по продолженија

И вардарки си имаат своја ѕвездичка: Цвијиќ во Ол-стар тимот на ЛШ

Репрезентативката на Србија доби најмногу гласови за позицијата кружен напаѓач во изборот во кој учествуваа илјадници фанови и спортски новинари од 12 земји. Меѓу номинираните по позиции и Александра Лакрабер, Амандин Лејно, Андреа Пенезиќ и Ирина Дибирова

Ждрепка за Фајналфор во Будимпешта: Вардарки против Ростов за финале

Во второто полуфинале ќе играат Ѓер и ЧСМ Букурешт. Завршниот турнир во шампионската Лига на ЕХФ во женска конкуренција е закажан на 12 и 13 мај во „Ласло Пап“ арената како што беше случај и во изминатите четири години

Полувреме загревање, полувреме „мелење“: Вардарки го решија Тирингер

„Црвено-црните“ ракометарки славеа над германскиот вицепрвак со 29:21 (полувреме 12:12) во последното коло од прелиминарната фаза во Лигата на шампиони и на зимски клупски распуст заминуваат со максимален ефект во групата Ц од која ќе пренесат осум бода во главниот сегмент

Ракомет: Вардарки со Тирингер за нова потврда на доминацијата во ЛШ

Мечот меѓу македонскиот и германскиот претставник е вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот. Со победа „црвено-црните“ девојки ќе се преселат во главната групна фаза во Лигата на шампиони на ЕХФ со максимален ефект и со осум бода на контото

Ракомет, Лига на шампиони (ж): ЖРК Вардар ја отвори сезоната со победа

„Црвено-црните“ девојки во премиерата на групната фаза триумфираа против Ференцварош со 34:31 (20:11) како еден вид на подгревање на надежите дека токму ова издание од елитното натпреварување на ЕХФ можеби е нивно за, конечно, и тие да се вратат во Скопје со посакуваниот трофеј од завршниот турнир. Цвијиќ и Лекиќ најефикасни со седум гола, стандардно на висина на задача и Пенезиќ и Лакрабер кои постигнаа по шест

Ракомет: Полина Кузнецова во ЖРК Вардар како замена за Херем и Мавсар

Руската репрезентативка и македонскиот женски ракометен првак потпиша договор на две години со можност за негово продолжување. Игра на позицијата лево крило. Висока е 168 сантиметри и меѓу „црвено-црните“ пристигнува како слободна ракометарка. Лани го освои златниот медал со „зборнаја“ на Игрите во Ро де Жанеиро

Ракомет: Петта титула за ЖРК Вардар во Купот на Македонија

Европскиот вицешампион го совлада ЖРК Металург во еднонасочното финале во салата во Автокоманда со 45:19. Александра Лакрабер е прогласена за најдобар играч на завршниот турнир, Сара Ристовска за најдобар стрелец, а Матеја Серафимова од редовите на домаќинот на турнирот за најдобра голманка

Ракомет, ЛШ: Трета титула за Ѓер, Вардар ќе мора да почека на првата

Унгарскиот првак го совлада македонскиот со 31:30 во финалето на Фајналфор турнирот во Будимпешта. Победникот во „Ласло Пап“ арената беше познат по две продолженија, откако основниот час игра заврши 26:26. Гербиц со седум гола и Мерк со шест колку што постигнаа и Алтхаус и Лакрабер на спротивната страна беа најефикасни на средбата