Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отцепување за подобар живот?

0
By Нова ТВ on September 19, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 19, 2013 09:54

Отцепување за подобар живот?

Kонзервативни групи од рурални делови на сојузните држави во САД, на кои им е преку глава од малцинскиот статус, сакаат сами да одлучуваат за себе. Сторија на Глас на Америка на македонски јазик

Иницијативата од западниот дел на Мериленд е најнова во редицата обиди на групации во Колорадо, Мичиген и Калифорнија да се отцепат своите сојузни држави и да формираат нови, или пак да се приклучат на соседните, кои повеќе ги рефлектираат нивните политички погледи.

Скот Стирелвик, еден од водачите на сецесионистичка група од Мериленд, објаснува дека конзервативците од руралните западни области на сојузната држава се противат на новите даноци, законските регулативи за животната средина и за контрола на оружјето, што ги вовело либералното мнозинство жители во источните градови кои го контролираат политичкиот процес.

„Конечно, чувствуваме дека луѓето не се соодветно застапени и дека може да имаме влада која подобро ќе не` застапува ако се отцепиме и формираме своја сојузна држава“, вели Стирелвик.

Сецесионистичка група во северниот дел на Колорадо има иста листа на поплаки и тврди дека постои практично иста поделеност меѓу руралниот и урбаниот дел на државата. Конзервативниот активист и земјоделец Боб Бопреј, вели дека во денешната политика навидум нема место за компромис, така што отцепувањето е единствениот начин да се осигура дека малцинството има политички глас.

Ваквите идеолошки битки не водат во позитивна насока и добро владеење. Можеби е подобро секој да појде на своја страна. На пример, вие управувајте со вашата, а ние со нашата сојузна држава“, коментира Бопреј.

Американскиот устав дозволува формирање на нови сојузни држави, но само со претходно одобрение од сојузната држава и од Конгресот. Во минатото имало такви случаи, но се ретки. За време на Граѓанската војна, Западна Вирџинија се отцепи од Вирџинија.

Од 1959-та, кога Хаваите и Аљаска станаа 49-та и 50-та сојузна држава, САД немаат додадено нова. Но, токму затоа Стирелвик смета дека можеби е време радикално да се исцрта новата мапа и да се оформат стотина помали сојузни држави.

“На тој начин ќе имаме избор. Граѓаните со различни политички убедување ќе можат да живеат во хармонија без да се надмудруваат, без да има негативни чувства меѓу браќа и соседи.

Многумина стручњаци велат дека се мали шансите Конгресот да одобри формирање на нови држави, особено доколку тоа ќе значи промена на актуелната рамнотежа на моќта. Мајкл Тринклајн е автор на книгата „Загубени држави“. Тој вели дека сецесионистите од конзервативните држави треба да се навратат на историјата и да стапат во партнерски однос со движењата од либералните територии како Порторико. Вака Аљаска, која се сметаше за либерално упориште во 1950-тите, истовремено со конзервативниот Хаваи побра државност, без притоа да ја наруши националната политичка рамнотежа.

„Ниту Аљаска ниту Хаваите, немаше да добијат државност ако не го побараа тоа заеднички. За се` во американската политика ви е потребен – партнер“, наведува Тринклајн.

Сепак, тој вели дека повеќето сецесионистички обиди во историјата доживеале неуспех. Вели, разбира дека тоа е тешко остварливо – некои дури велат и невозможно да се постигне – но се работи за единствена опција за фрустрираните и изолирани рурални конзервативци меѓу кои спаѓа и самиот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.