Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отец Партениј е едногласно избран за нов епископ на МПЦ-ОА

0
By Нова ТВ on May 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 21, 2020 14:32

На денешната седница на Светиот архиерејски Синод, игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, високопреподобниот архимандрит Партениј, беше едногласно избран за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Од Синодот информираа дека отец Партениј беше предложен за нов владика од неговиот надлежен Архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а едногласно потврден од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. Неговата хиротонија е закажана за 12 јули годинава, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид.

Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски“ (според македонскиот античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште), но истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот Манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

Со своето дваесет и петгодишно монашко и игуменско искуство, отец Партениј влегува во архиерејски чин со досега најголем монашки стаж во поновата историја на МПЦ-ОА. Во црковните кругови важи за искусен духовник, кој ужива голема почит не само кај верниците, туку и од пошироката јавност.
Уште од своето доаѓање во Бигорскиот манастир, отец Партениј енергично се посветува на севкупната обнова на ова големо светилиште, по долгиот период на негова духовна замреност и материјална запустеност. Како плод на таа посветеност, во 2001 година во целост е возобновен и духовно заживеан и манастирскиот метох – женскиот манастир посветен на „Св. Георгиј Победоносец“ во село Рајчица.

Паралелно со обновата на Бигорскиот манастир и на неговиот метох во Рајчица, архимандритот Партениј се зафаќа и со нови градежни потфати, меѓу кои дрвениот храм посветен на „Св. Серафим Саровски“, изградбата на храм во византиско-македонски стил во село Ростуше посветен на „Пресвета Богородица“, како и на новиот манастирски метох „Св. Кирил и Методиј“ во с. Битуше. Во 2016 година, со благослов и во соработка со неговиот надлежен митрополит, Тимотеј тој го возобновува монашкиот живот во уште еден голем македонски духовен центар – манастирот „Пречиста Кичевска“, каде испраќа шест монахињи од Рајчица, негови духовни чеда, а исто така го продолжува и монашкиот живот во Кнежинскиот манастир.

Отец Партениј досега бил повеќе пати наградуван со црковни и граѓански признанија и награди од разни поединци, организации и институции. Меѓу другото, тој е добитник и на највисоката почесна награда на Европската Унија – „Европски Граѓанин“, поради, како што стои во официјалното образложение за наградата, „неговата хуманитарна дејност, работата со социјално ранливи категории што се особено актуелен проблем на денешницата и придонесот за градење мостови и унапредување на соработката меѓу народите на културно и духовно поле, како и јакнење на соживотот и меѓусебното почитување“.

Името на отец Партениј повеќе години се наоѓаше на листата на кандидати за епископи на МПЦ-ОА, а пред петнаесетина години нему му било предложено да стане митрополит на Повардарската епархија, достоинство што тој го одбил, со образложение дека не сака да го напушти Бигорскиот манастир и мијачкиот крај за чие заживување го вложил сиот свој живот.

Отец Партениј станува владика во годината кога Бигорскиот манастир слави 1000 години од неговото основање во 1020 година.

Бигорски манастир Епископ МПЦ- ОА Отец Партениј Синод
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.