Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откако кариерата му тргна по надолна линија, поранешната холивудска ѕвезда Стивен Сигал се декларира како „милион проценти“ Русин

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 13, 2024 15:51

Во контекст на опширниот осврт на  Цивил Медиа за тоа зошто дискредитираните Американци се впуштаат во улога на пропагандисти на озлогласени диктатори, како еден од поистакнатите примери на дискредитираните Американци кои сесрдно ја бранат реториката на Путин, откако нивната кариера ќе тргне по надолна линија, и се соочуваат со криза (финансиска) на идентитетот, се наметнува името на поранешната акциона ѕвезда Стивен Сигал, кој стана дел од поранешната неславна група американски новинари, режисери, актери кои се ставија во служба на руската пропаганда.

Поранешната холивудска ѕвезда  Стивен Сигал почна да се декларира како „еден милион проценти“ Русин откако доби медал Орден за пријателство од претседателот Владимир Пути, за поддршката што ја дава на Русија по нејзината инвазија врз Украина.

За време на настанот, тој, исто така, ги обвини САД дека трошат „милијарди долари на дезинформации, лаги“, што според него е обид да се „обие дискредитација, деморализирање и уништување на појавниот морал на Русија“ и тврдеше дека над половина од луѓето во Америка всушност ја сака Русија.

Во видео на кое се гледа како поранешната акциона ѕвезда стои меѓу остатоците од затворот Оленивка во источна Украина, каде во ракетен напад загинаа десетици украински заробеници,  објавено на руската информативна страница ТВЗВЕЗДА, Сигал, кој е идентификуван како специјален претставник на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за хуманитарни односи меѓу Русија и САД, се чини дека служи како портпарол против употребата на HIMARS од Украина. Според рускиот сајт, Сигал инсуинирал заговор со тоа што сугерирал дека HIMARS го користеле украинските војници затоа што претседателот на земјата Володимир Зеленски сакал да замолчи „нацист“ што се чувал во затворот.

Сигал од предходно е познат по својот проруски став, особено откако тој покажа силна поддршка за планот на Путин во врска со анексијата на Крим, и во 2016 година, актерот доби руско државјанство.

Исто така, Сигал ги посети руските трупи во градот Оленивка, контролиран од Русија во август 2022 година, за да ја понуди својата поддршка за луѓето на првата линија на инвазијата на Путин на Украина.

Сепак, охрабрувањето од актерот се чини дека не ја промени ситуацијата во војната, бидејќи „специјалната акција“ која требаше да заврши 48 до 72 часа со освојување на Кијив, трае веќе втора година откако Путин го започна нападот.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Владимир Путин Драган Мишев путинисти ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.