Тотенхем му врачи отказ на долгогодишниот тренер Маурисио Покетино (47). Веста за отказот во Лондон одекна како бомба во последната вечер од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Спарси се разделија со аргентинскиот менаџер како 14. на табелата во Премиерлигата по 12 одиграни кола. Покетино беше нивни кормилар од 2014 година, а во ланската сезона ги предводеше до историско, за нив, финале во Лигата на шампиони во кое загубија од Ливерпул.
Пред ангажманот во Тотенхем, Аргентинецот беше тренер на Еспањол и на Саутемптон.