Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откажан натпреварот Германија – Холандија: Стадионот евакуиран

0
By Нова ТВ on November 17, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 17, 2015 20:09

Пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и Холандија што требаше да се одигра вечерва, е откажан, од како што се наведува безбедносни причини.

Два часа пред почетокот на натпреварот стадионот во Хановер каде што требаше да се одигра мечот е евакуиран. Во меѓувреме е евакуиран уште еден стадион во градот, каде што требало да се одржи концерт. Евакуирана е и железничката станица, каде наводно бил пронајден сомнителен пакет.

Весникот Билд, повикувајќи се на полициски извори, објави дека причина за евакуацијата е „конкретна закана“, додека според германската новинска агенција ДПА, безбедносните служби добиле информација за потенцијален терористички напад „што требало да се сфати сериозно“.

И шефот на полицијата во Хановер Волкер Клуве потврдил дека се работи за „апсолутно реална“ закана, наводно за можен план на терористите да активираат експлозивна направа за време на натпреварот.

Весникот Тагесшпигел пак, повикувајќи се извори во безбедносните служби, објави, дека информацијата за „планиран терористички напад“ дошла од странски извори.
Локалните медиуми во Хановер шпекулираат и со информацијата дека во близина на стадионот било пронајдено возило на итна помош, полно со експлозив, но за ова засега нема официјална потврда.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе биде меѓу гледачите во арената со 49.000 седишта.

Вчера беше откажан и пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Белгија и Шпанија што требаше да се одигра денеска, поради безбедносни причини по нападите во Париз.

Единствено се одржа натпреварот меѓу Англија и Франција на стадионот Вембли, што започна со едноминутно молчење во чест на 129-те жртви во нападите во Париз.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
ФОКУС
March 14, 2026

Скопје: Работнички протест за минимум достоинство

ВЕСТИ March 14, 2026

Протестот денеска во 12:05 часот почна пред Работничкиот дом во Скопје, продолжи пред Собранието, за…

Кочани: Градот ја одбележува годишнината од трагедијата во „Пулс“

March 14, 2026

Скопје: Работниците денеска сабота 14-ти март од 12:05 на протест за подостоинствен живот

March 14, 2026

Скопје: Протест на работниците за подоинствен живот – стартува во 12.05, сабота, 14-ти март од пред Домот на синдикатите

March 13, 2026
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.