Бројни спортски настани во Велика Британија се откажани по смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст.

Во знак на жалост по повод смртта на британската кралица, денешниот дуел во англискиот Чемпионшип меѓу Барнли, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, и Норич е откажан, а нема да се одигра и натпреварот во Лига 2 меѓу Транмере и Стокпорт.

За овој викенд се откажани и коњските трки, натпреварите во рагби и крикет, како и голф турнирот во Вентфорт. Откажана е велосипедската трка низ Англија која требаше да финишира в недела.

Засега нема официјално известување дали овој викенд ќе се играат натпреварите во Премиерлигата.

Англиските медиуми наведуваат дека многу прволигашки клубови очекуваат одложување на натпреварите закажани за в сабота и недека.