Масовна гробница со тела на стотици луѓе кои биле егзекутирани од џихадистите на Исламската држава во затворот Бадуша во близина на Мосул, откриле ирачките паравоени шиитски сили.
Гробницата ја откриле припадниците на шиитската милиција Хасид ал-Шааби, кои се придружија на ирачката армија во сеопфатната офанзива против Исламската држава која започна во октомври 2016 година.
Обединетите нации во извештајот за 2015 година наведе дека Исламската држава по заземањето на затворот во јуни 2014 година ликвидирале 600 мажи. Џијхадистите таму држеле стотици жени, припадници на курдската етноконфесионална заедница Јазиди.
Сунитската џихдистичка групација сурово и прогонуваше Јазидите во текот на нивната офанзива од летото 2014 година, убивајќи ги машките припадници, додека жените ги користела како сексуални робинки.




