Од кабинетот на турскиот премиер Бинали Јилдирим отпуштени се 257 лица и одземени им се личните документи, јавуваат турските медиуми.
Отпуштените службеници се осомничени за вмешаност во обидот за воен удар, извршен во петокот.
За време на чистките спроведени по неуспешниот пуч, отпуштени се илјада судии, полицајци, чиновници и вработени во верските служби.
Министерство за образование на Турција денеска прогласи за работонеспособни 21.000 наставници, вработени во приватни институции.
Одлуката на министерството е дел од акциите кои турската влада ги презема по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули.
Претходно, Советот за високо образование наредил оставки на 1.577 декани и професори од сите универзитети во државата, a министерството за образование соопшти дека отпушти од работа 15.200 вработени.
Весникот „Хуриет“ јавува дека повеќе од 49.000 луѓе во Турција добија отказ од работа во различни министерства и државни институции осомничени дека се вмешани во обидот за воен удар.




