Карл Сарџент, велшкиот министер за труд, кој минатиот петок го изгуби работното место како секретар за заедници и деца и се соочуваше со партиска истрага во врска со наводите за неговото лично однесување- сексуално вознемирување на жени, е пронајден мртов, а според сознанијата на Би-Би-Си, тој си го одзел животот.
Сарџент, беше суспендиран од Лабуристичката партија откако првиот министер дозна за бројни наводни инциденти поврзани со жени.
Семејната изјава вели дека тие се “уништени” поради загубата.
Лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин, изјави дека смртта на Сарџент е “многу шокантна вест”.
Г-дин Сарџент по обвинувањата за секс вознемирувања изјави дека ги нашол наводите “шокантни и вознемирувачки” и повика на независна истрага “за да дозволам да го исчистам моето име”.




