Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отстранета верзијата за шпански јазик од сајтот на Белата куќа

0
By Нова ТВ on January 24, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанската Влада реагираше откако на веб сајтот на Белата куќа е избришана опцијата за шпански јазик. Министерот за надворешни работи Алфонсо Дастис изјави дека тоа не е добра идеја во земја каде живеат милиони Шпанци.

-Жалиме што шпанската верзија на сајтот е избришана. Не е добра идеја да се откажете од таков вид на комуникација, особено кога станува збор за земја со 52 милиони луѓе кои говорат шпански јазик, изјави Дастис за новинарите.

Портпаролот на шпанската Влада Индиго Мендез де Виго истакна дека знаењето и употребата на различни јазици во општеството придонесуваат за напредок на земјата и го покажуваат културното наследство на нацијата.

Белата куќа засега не соопшти дали шпанскиот јазик привремено е отстранет поради ажурирање или новата администрација на Доналд Трамп одлучила да го отстрани засекогаш.

Според податоците на американското Биро за попис на населението, Шпанците се со 57 милиони жители најголемо малцинство во САД. Повеќето се од Јужна Америка, а се верува дека околу  13 милиони од нив гласале на претходните претседателски избори, главно за ривалот на Трамп, Хилари Клинтон.

Светските медиуми за време на кампањата известуваа дека Трамп ги навредува Шпанците, меѓу останатото и со предлозите да бидат депортирани милиони мигранти од земјата и со предлогот за изградба на ѕид на американската граница кон Мексико.

Во септември 2015 додека беше во трката за претседателски кандидат на Републиканската партија, Трамп на својот ривал Џеб Буш кој говори шпански, му порача дека треба да зборува англиски додека е во САД.

АФП објави дека првпат од 1989 година наваму, во претседателскиот Кабинет нема да има ниту еден со шпанско потекло.

Бела куќа потези Трамп шпански јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.