Драмски театар Скопје, вечерва (15.7.2022) со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на отворањето на „Вевчанско културно лето 2022“ (од 15.7.2022 до 31.8.2022 година), манифестација која има за цел да го збогати културното живеење во заедницата, информираат од Драмскиот театар Скопје.

Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев,  сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на  Горан Трајковски.

Актерката  Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.