Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“ – „Адора“, „Пекабеско“ и „Макпрогрес“ им ја кажаа вистината на Балканските лидери

0
By Mirjana on November 8, 2021 ЕКОНОМИЈА, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фактите за пречките во меѓусебната размена беа пресудни претседателот Вучиќ да изјави: „Фрустрирачки е она што ќе го договориме да не можеме до крај да го исполниме“

Бранко Азески, претседател, Стопанска комора на Северна Македонија

Белград, 4.11.2021 година. Палата „Србија“, состанок Вучиќ-Рама-Димитров, наспроти 15 бизнисмени од Србија, Северна Македонија и од Албанија. По отворената дискусија за проблемите при протокот на стоки и на услуги, со кои секојдневно се среќаваат бизнисмените, се слушна фрустрирачка констатација дека она што го слушнале политичките лидери е за неверување и дека, ако сакаме отворен Балкан, мора под итно да се реагира. Наместо 60, состанокот се протегна на 100 минути, во кои реалноста стана пречка која или ќе се надмине или и оваа ќе заврши како сите други иницијативи.

За да не останеме на меморандуми и на спогодби, потребно е да се преземе ризик и да се забрзаат процесите – тоа е голем предизвик со уште поголеми очекувања, но сигурно подобро отколку да не се преземе ништо. Некои луѓе се познати по своите знаења, вештини и искуства, додека, пак, други по својата храброст и решителност да влијаат врз општествениот развој. Тоа се вика ризик. Во свет кој се менува со огромна брзина единствена стратегија што е гарант за неуспех е воопшто да не се ризикува. Ние бизнисмените решивме да ризикуваме и го поддржавме „Отворен Балкан“, па затоа со целосно морално право бараме тоа да го направат и политичките лидери.

Политичките лидери мора да ризикуваат затоа што досегашната пракса покажува дека најмногу грешат во примената. Политичарите и административците сметаат дека некое прашање е разрешено кога ќе се потпише меморандум или меѓународен договор за тоа, а бизнисмените сметаат дека тоа прашање е решено само кога видно ќе почувствуваат дека бирократските чекори, времето или трошокот за да завршат некоја работа им се
скратени за пола. И тоа е јаз кој сѐ повеќе се зголемува меѓу нив и нас, и покрај тоа што упорно велиме дека работиме на јавно-приватниот дијалог во државата, но и во регионот.

Просто како двете страни да гледаат некој различен филм. И просто е неверојатно дека во 2021 година политичките лидери сѐ уште констатираат дека се вчудовидени од (не)соработката на граничните служби.
Какви се состојбите? Досега имавме 72 иницијативи и обиди за регионално подобрување на соработката. Што е економскиот ефект од сето тоа? Во периодот 2014 – 2020 година БДП на регионот пораснал за само 28 %, БДП од глава на жител за 30,8 %, а извозот од 32 пораснал на 43,9 милијарди евра. Но во тие бројки на интрарегоналната размена отпаѓаат само 16,7 %. Во 2020 година размената со земјите од Западен Балкан, на пример кај нас, учествува со 10,2 % од вкупната размена на нашата држава.

Едно е неспорно – сите сме согласни дека долгорочна визија за стабилен и за победнички Балкан е креирањето регион каде што границите се од помало значење, а протокот на луѓе, стоки и на капитал е слободен. Иницијативата „Отворен Балкан“ постави заложби конечно да се разрешат многу од прашањата што со години ги измачуваат регионалните бизниси. И лидерите на трите држави кои се засега вклучени во иницијативата изразија силна поддршка да се спроведе тоа. Она што е уште поважно е фактот дека ова е
автентична регионална иницијатива, која потекнува изворно од регионот, а не форсирана од некого отстрана. За ова да профункционира, потребно е да се влезе во ризик.

П.С. Имаше една емисија „Врти-сучи тоа ти е Скопје“, ама има една сегашност – врти- сучи повторно кај нас внатрешни проблеми, кои сигурно ќе имаат рефлексија и врз состојбите во бизнисот кај нас, но и врз нашата улога во регионалните процеси. Затоа, не е на одмет уште еднаш да се повтори дека при конципирањето на излезните решенија мора да се калкулира со нивното влијание врз бизнисот, кој е основа на нашето постоење.

Азески . Отворен Балкан Белград
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.