Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен Балкан си работи: Македонија со континуиран раст на трговската размена со Албанија и Србија од стартот на иницијативата

0
By Ана Василевска on February 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Љубиша АРСИЌ

Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е проект посветен на носење на четирите европски слободи, кои се основата на Европската Унија, за граѓаните и компаниите на Балканот. Оваа иницијатива ја засилува регионалната соработка и поврзаност со слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги, а нејзините ефекти се веќе забележливи и носат позитивни бројки.

Поврзувањето на Северна Македонија, Албанија и Србија во иницијативата „Отворен Балкан“ придонесува за развој на економиите и зголемување на размената меѓу земјите учеснички во оваа иницијатива. Првите преземени чекори и олеснувања се во насока на градење заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и за негов долгорочен развој кој ќе донесе подобар живот за сите граѓани.

Како што објави „Рацин.мк“, кај бизнисите е огромен интересот за отстранувањето на работните дозволи помеѓу трите земји, што ќе овозможи на граѓаните од трите земји да работат во која било од нив без посебни работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Дополнително олеснување ќе обезбедат и договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.

Оваа мерка требаше да започне да се применува уште од есента, но поради блокадите од опозицијата со месеци беше одложувана комисиската расправа за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, па Собранието дури завчера, без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ги изгласа овие ратификации.

Бројките со увозот и извозот го потврдуваат значењето на иницијативата

Со отстранувањето на работните дозволи, пазарот на труд на Северна Македонија, Албанија и Србија станува поврзан и единствен, што ќе придонесе кон раст на платите на работниците во трите земји и дополнително поврзување на економиите на трите земји.

Зголемувањето на слободите за движење на луѓе, капитал, стоки и услуги придонесува за зголемување на трговската размена меѓу трите земји. Доколку се анализира трговската размена помеѓу Северна Македонија и Србија се забележува зголемување на извозот, но и на увозот на стоки и услуги меѓу двете земји.

Србија беше и уште повеќе се развива во значаен надворешно-трговски партнер на Северна Македонија. Доколку се анализира извозот од земјава кон нашиот северен сосед забележвлив е раст во годините по старот на иницијативата „Отворен Балкан“. Изминатата 2022 година извозот кон Србија изнесувал над 385 милиони евра, според Државниот завод за статистика, што е раст за речиси 32 отсто во однос на 2021 или раст од речиси 53 отсто во однос на 2019 година.

Сличен е трендот и на увозот од Србија доколку се анализираат годините по стартот на иницијативата „Отворен Балкан“. Во 2022 година, увозот од Србија на Северна Македонија, според податоци на ДЗС, бил околу 755 милиони евра, што е раст од околу 14 отсто во однос на 2021 година и раст од 19 отсто во однос на 2019 година.

Трендот на раст на трговската размена не е ништо поразличен ни кога се анализира увозот и извозот со Албанија, земја која се уште не е меѓу поголемите наши трговски партнери, но има тенденција да стане.

Иницијативата „Отворен Балкан“ придонесе за раст на извозот во Албанија. Во 2022 година извозот од Северна Македонија кон Албанија изнесувал над 102 милиони евра, што е раст од 7 отсто во однос на 2021 година и раст од 40 отсто во однос на 2019 година.

Трендовите на раст на трговската размена меѓу трите земји иницијатори на „Отворен Балкан“ покажуваат дека постои огромен потенцијал за економски развој на регионот, кој се остварува преку поврзување и олеснување на движењето на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Иницијатива со висока поддршка, место има и за други држави од регионот

Поддршката за „Отворен Балкан“ во земјава изнесува околу 80 отсто, со што таа е една од идеите со најголема поддршка меѓу граѓаните. Но, освен од граѓаните од регионот, „Отворен Балкан“ има силна поддршка и од меѓународната заедница, како иницијатива која изворно потекнува од регионот и ги заменува поделбите и гледањето во минатото, со соработка и поглед кон иднината. Помеѓу главните поддржувачи се Соединетите американски држави, кои сакаат оваа иницијатива да се прошири и во неа да се вклучат и останатите земји од регионот.

Како што објави „Рацин.мк“, американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил смета дека „Отворен Балкан“ е неопходен процес кој не е конкуренција на Берлинскиот процес и дека воопшто не треба да има проблем за таква соработка каква што се спроведува во рамките на иницијативата. Поддршка за „Отворен Балкан“ дојде и од Американската комора во Косово, која пелираше владата во Приштина да го преиспита својот став за Отворен Балкан, а трите земји што ја покренаа иницијативата да покажат поголемо разбирање за да ги пресретнат причини за скептицизмот на властите во оваа земја.

Трите држави активни членки и основачки на Отворен Балкан, Северна Македонија, Албанија и Србија, ја водат и развиваат иницијативата со политика на отворени врати за останатите земји од Западен Балкан како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, но и за другите земји од регионот – членки на ЕУ за поврзување за развој на сите економии, за заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и за негов долгорочен развој кој ќе донесе подобар живот за сите граѓани.

Извор Рацин.мк

отворен балкан Северна Македонија Албанија Србија слободно движење Трговска размена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.