Премиерот Зоран Заев на три дена по Економскиот форум „Отворен Балкан“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ сподели видео од неговото обраќање на форумот, на кое акцентот го става на отворената соработка со стопанствениците.
– Многу често зборуваме со нашите комори и сме на иста линија, отворени сме за соработка и веруваме дека можеме многу заедно, кога политичкото лидерство е искрено отворено за соработка. Треба да ги отстраниме ваквите чекања на границите, а идејата е да имаме „no stop, just go“. Пред се, ќе отвориме посебна лента за камиони, таа лента ќе го има називот на новата регионална соработка и тоа ќе биде посебен фокус за нашите фирми и стопанственици во Албанија, Србија и Северна Македонија, вели Заев.