Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено 37. издание на Саемот на книга под мотото „Храна за душа“

0
By Marija Todorovska on May 8, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 8, 2025 16:19

Денеска беше отворено 37. издание на Саемот на книга оваа година под мотото „Храна за душа“.

Се одржува во Арена Борис Трајковски и ќе трае до 14 мај. Најавени се над 65 издавачки куќи и повеќе од 110 промоции и средби со автори.

На отворањето се обратија претставници од културата, образованието и државниот врв, со пораки за важноста на читањето, духовното богатење и регионалната соработка.

Според Љутков, годинава Саемот на книгата добива уште поголема тежина, затоа што се совпаѓа со значаен јубилеј – осумдесет години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Овој историски чин, како што рече, не беше само лингвистички подвиг, туку цивилизациски скок.

Тој потврди дека како македонска Влада и Министерство за култура и туризам, ќе ја продолжат нивната посветеност кон поддршка на издаваштвото, промоција на читањето меѓу младите, и заштита на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање напомена дека токму Саемот е обид за културен натпревар на народите.

Според неа, прашањето со кое денес се соочуваме, не е само кои книги ги читаме, туку колку време имаме и издвојуваме за читање.

Времето во кое живееме, некои социолози со право го дефинираат како „ера на расеаност“. Мислам дека без слободно време нема читање на книги, а без читање на книги, нема размислување. Ние не можеме да се посветиме на едно од најважните прашања. Читањето на книгите. Се поголем дел од нас, не само од македонската популација, се одалечува од книгата и конзумира некакви си исечоци, фрагменти на социјалните медиуми, и таму доминира сензационализмот, но во него нема суштина, рече Сиљановска Давкова.

Тоа е, како што подвлече, нешто страшно и нешто што ќе не отапи, бидејќи откажувањето од читањето, значи откажување од размислувањето и ако така продолжиме, тоа ќе не доведе до духовен и интелектуален банкрот.

Овие приказни, овие книги, се столбот на нашиот идентитет. Тие се наративни мапи, што ни помагаат да се ориентираме во животот, да го разликваме доброто од злото, вистинитото од лажното, вредното од безвредното, рече претседателката.

Управителката на Скопски Саем, Даниела Глигоровска рече дека овие денови Арената „Борис Трајковски“ ќе биде многу повеќе од простор за изложување. Тоа ќе стане голема библиотека под отворено небо на идеи, емоции и откритија.

Тука, на секој штанд, во секоја насмевка на издавачите, во секој разговор со авторите, се крие нешто што не се купува, а тоа е љубовта кон пишаниот збор. Книгите се патувања што ги почнуваме без да го напуштиме своето место, каде што ги читаме. Тие се мост меѓу генерации, култура, срце, рече Глигоровска.

Оваа година, Министерството за култура на Република Србија, преку Амбасадата на Република Србија во нашата држава, има свое учество и свој штанд на Саемот.

Министерот за култура на Република Србија, Никола Селаковиќ кој денеска присуствуваше на Саемот, во своето обраќање напомена дека книгите и писмото се врска меѓу небото и земјата, врска меѓу народите и врска на човечката душа и знаењето.

Ние сме навистина народи на книгата. На изворот на нашиот идентитет и од почеток на нашата државност, се наоѓаат вредностите што книгата ги претставува и ги чува, рече Селаковиќ.

Тој додаде дека српско-македонските книжевни врски не се ниту скорешни, ниту површни.

Во својата приказна „За Кичевско е, за Македонско е“ посветена на ловецот Мачо, Раско Петровиќ, еден од најдобрите писатели на српскиот модернизам, кој како гимназијалец заминал на фронт во Првата светска војна, ја поминал Албанија, а подоцна ја запознал и Македонија, пишува: Ех, мој господине професор. Македонија е страшна земја, но и прекрасна. Чудни ѕверки уловивме тој ден. Би си рекол некој, ѕверилник, но и поезијата тука пее тивко. Секоја година кога ќе дојдам кај неа, ја допирам на миленичката почвата со рацете. Не знаеш ти, што е земја Македонија, додаде Селаковиќ.

Според него, не случајно токму некои од најдобрите српски писатели напишале такви литературни дела, бидејќи културните врски, блискоста и разбирањето, се доминантата на српско-македонските културни односи.

Драго ми е што по пауза од 11 години, Република Србија повторно се појавува како изложувач на 37. Саем на книгата во Скопје. Причината за тоа ја најдовме и во фактот што со години наназад, делата од српските писатели најмногу се преведуваат токму на македонскиот јазик, рече Селаковиќ.

Тој напомена дека српската литература е присутна и видлива во македонската културна јавност и во пост југословенската ера.

Тоа не обврзува и нас, покрај сестрано добрите политички, стопански, здравствени и туристички врски, да ги унапредиме и врските на наши две култури. Се надевам дека наскоро ќе можеме да бдиеме домаќини на издавачите и писателите од Македонија на белградскиот и новосадскиот Саем на книгата и со тоа да ја продолжиме прекрасната книжевна нишка, која трае со децении, рече Селаковиќ.

Борис Трајковски Саем на книга Скопје храна за душа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.