НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Ќе блесне повторно денот за македонската кинематографија, камерите пак ќе завртат, затоа што едноставно не постои друга опција

0
By Ана Василевска on September 22, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сега се обидувам да му го дадам на киното она што киното ми го даде мене, рече годинешниот лауреат Бруно Делбонел, познат на пошироката публика по работата на филмот „Амели Пулен“.

Денеска го славиме филмот, рече Грбевски и додаде: а филмот е Манаки, филмот се филмските работници кои го содадоа македонскиот филм, донесувајќи многу награди. Да им посакаме на младите да го следат патот на филмските дејци. Да живее филмот!, рече Грбевски заблагодарувајќи се на ДФРМ кое го нарече столб на македонската кинематографија.

Битола, наскоро ќе добие и споменик и на Јанаки Манаки, на кого фестивалот годинава му додели Златна камера 300 за животно делобидејќи досега вакво признание било доделено само на неговиот брат Милтон.

Од Битола: Ана Василевска

Битола од синоќа живее во духот на филмот, и во наредните шест дена ќе ги слави кинематограферските остварувања. На потегот од Центарот за култура на Битола, по Широк сокак, па се до офицерскиот дом, вриеж од странски и домашни гости за 45. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“, за кој на отворањето беше речено дека „една е Битола, градот на конзулите, клавирите и филмот,  еден е фестивалот „Манаки“ кој секоја година ја прави Битола еден од најважните филмски центри во светот“. На свеченоста во Центарот за култура присуствуваа бројни претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, филмски работници, актери и кинематографери од земјава и странство, како и бројни вљубеници во филмската уметност.

Од церемонијата на синоќеѓното отворање на фестивалот „Браќа Манаки“.
Од церемонијата на синоќеѓното отворање на фестивалот „Браќа Манаки“.

„Оваа година наши учесници и гости на фестивалот се мајстори на филмската фотографија кои заедно имаат освоено 8 Оскари, 16 номинации за Оскар, 12 награди БАФТА и уште 19 номинации за истата награда, 11 награди од Американското друштво на кинематографери, 8 награди од Британското друштво на кинематографери, 6 награди на Канскиот филмски фестивал, 1 награда во Венеција, 3 награди во Берлин, 6 ЕМИ награди, 1 азиски Оскар….сите овие луѓе годинава ќе шетаат по улиците на Битола. Ќе шетаат по Широк сокак. Ете затоа еден е „Манаки“ и една е Битола, како голем центар на филмската уметност“, рече во своето обраќање директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски, кој подвлече дека е сигурен дека и ова издание уште еднаш ќе покаже и докаже зошто Битола е епицентар на уметноста и културата, особено на филмската уметност.

Симеон Мони Дамевски
Симеон Мони Дамевски

Дамевски соопшти дека фестивалот годинава доделува почесна Златна камера 300 за животно дело на Јанаки Манаки, бидејќи досега вакво признание било доделено само на неговиот брат Милтон.

„Прв пат мојот татко ја прими наградата Златна камера 300 во името на неговиот татко, Милтон Манаки. Фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал. Еден од малкуте фестивали кои ги слават кинематограферите. Голема чест, задоволство и благодарност од семејството кое ја прима оваа награда, рече на неговиот внук, Милтон, кој ја прими наградата.

Беше соопштено и дека почнати се преговори за изработка на споменик на Јанаки Манаки.

Премиерот Христијан Мицкоски на вечерашната свеченост ја додели наградата Златна камера 300 за животно дело на францускиот кинематографер, Бруно Делбонел.

Бруно Делбонел

„Голема благодарност на Фестивалот. Кога Симеон ме повика, реков, нема шанса да дојдам, сеуште не сум се пензионирал. Им се восхитувам на досегашните добитници на ова признание, како Свен Никвист, Ед Лакман, Виторио Стораро, Питер Бижу, Џон Сил…тоа се луѓе од кои многу сум научил и многу им должам. Сега се обидувам да му го дадам на киното она што киното ми го даде мене, рече Делбонел.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја врачи наградата Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност. Годинешна добитничка на наградата е полската кинематограферка, Јоланта Дилевска

„Оваа награда за мене и полската кинематографија претставува голема чест и задоволство. Денеска во моите мисли се сите режисери со кои сум работела, сите членови на техничкиот тим и оваа награда ни припаѓа на сите нас. Мислам и на браќата Манаки. Нивната страст и љубовта кон камерата се причината зошто јас денеска стојам овде. Милтон и Јанаки ви благодарам, Македонија ти благодарам!, рече Дилевска.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во своето обраќање подвлече дека ИФФК „Браќа Манаки“ е првиот и најстар фестивал во светот посветен на кинематограферите .

ГОЛЕМА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ДОДЕЛЕНА НА ДИМИТАР ГРБЕВСКИ

Секоја година ДФРМ ја доделува наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Од името на ДФРМ пред присутните се обрати претседателот, Игор Иванов.

Игор Иванов Изи

„Исклучително ми е драго што и на ова јубилејно издание сме повторно заедно во Битола да го прославиме 45. Манаки – нашиот најважен проект. За само неколку месеци од денеска, ДФРМ прославува 75 години постоење. И верувам ќе се согласите дека овие бројки се мошне битни дури и за многу помоќни кинематографии од нашата. И додека ние овде во Битола го славиме филмот, македонската кинематографија, а со неа и филмските работници од Македонија ги живеат можеби едни од потемните денови на современата културна историја. Изминативе години бевме соочени со безумни кратења на буџетот за филм, наспроти на зголемување на буџетот во културата, генерално. Бевме соочени со ветувања кои не беа исполнети и како резултат на тие политики, за жал, Македонија годинава нема свој кандидат за Оскар. Не затоа што не сакаме, туку затоа што едноставно немаме нови филмови. Но, ние во ДФРМ, знаеме дека ноќта е најтемна пред разденување и дека наскоро денот ќе блесне, светлата повторно ќе се запалат, камерите повторно ќе завртат, затоа што едноставно не постои друга опција. Оној што нема свој филм и нема своја кинематографија, тој нема ниту држава. Од оваа сцена сакам да порачам дека ние, како и години наназад, така и вечерва, бараме подобри услови за работа, бараме авторите да снимаат, камерите да се завртат. Верувајте, македонскиот филм повторно наскоро ќе блесне и авторите нема да не изневерат. Тие повторно ќе го воодушеват светот, рече Иванов, кој го најави годинешниот лауреат, Димитар Грбевски, филмски и телевизиски монтажер.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ја додели Владимир Павловски, студент на Грбевски.

Димитар Грбевски

„Денеска го славиме филмот, рече Грбевски и додаде: а филмот е Манаки, филмот се филмските работници кои го содадоа македонскиот филм, донесувајќи многу награди. Да им посакаме на младите да го следат патот на филмските дејци. Да живее филмот!, рече Грбевски заблагодарувајќи се на ДФРМ кое го нарече столб на македонската кинематографија.

Покровител на фестивалот е Претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа во своето видео обраќање рече дека за неа е голема чест да се биде покровителка на еден од најреномираните и најпрестижните културни манифестации во земјава.

На отворањето на јубилејното 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ публиката имаше можност да го проследи филмот „Партенопе“, во режија на Паоло Сорентино, кинематографер, Дариа Д’ Антонио.

 

 

 

 

Браќа Манаки ДФРМ Кинематографери филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.