Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пачеко: Златниот венец- кулминација

0
By Нова ТВ on August 23, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 23, 2013 17:21

Го­ди­наш­ни­от лауреат на Струшките вечери на поезијата, Мексиканецот Хосе Емилио
Па­че­ко на отворањето на Вечерите се заблагодари за, како што рече, големата укажана чест со наградата.

-Ма­ке­дон­ска­та дарежливост на оваа возраст ме претвора во монструм на суетата и аро­ган­тнос­та, а тоа никогаш не сум бил. На римските императори постојано им лас­ка­ле, но секогаш од другата страна имало роб кој повторувал: ‘Запомни дека си смртен’.

Ниш­то не е конечно. Сега сум на возраст во која можам да речам дека оваа награда би можела да се нарече кулминација, но би сакал да продолжам да пишувам”, рече Пачеко.

Струш­ки­те вечери на поезијата се отворија во тензична атмосфера, по обвинувањата на градоначалникот на Општина Струга, Зијадин Села, кој на прес конференција вчера, обвини за неупотреба на албанскиот јазик при официјалната комуникација на фестивалот “Струшки вечери на поезијата”,чие 52 издание започна синоќа во Струга.

Советот на Струшки вечери на поезијата ги смета за тенденционзни неточни, паушални и неосновани тврдењата на градоначалникот Села.

Советот излезе со соопштение во кое вели дека за сите официјалните обраќања и говори на гостите на фестивалот е обезбеден превод на македонски, албански и англиски јазик.

Целокупниот информативен материјал околу организацијата на фестивалот (летоци,брошури,покани) е испечатен на македонски, албански и англискиот јазик, додека при настапите на странските поети учесници на фестивалот – се користи видео бим со превод на трите споменати јазици.

-Сметаме дека ваквите неосновани обиди, да се фрли сенка врз најреномираниот поетски фестивал, кој цели 52 години претставува празник на светските поетски дострели, воопшто не му одат во прилог на меѓународниот углед на фестивалот, домаќинот – градот Струга и Република Македонија воопшто.

Се надеваме дека градоначалникот Села, ќе ја согледа неоснованоста на својата одлука за бојкот и како добар домаќин ќе ги преземе сите потребни активности со кои ќе придонесе за што поуспешна реализација на 52-те Струшки вечери на поезијата на кои учествуваат над 50 реномирани поети од целиот свет и кои на градот Струга му донесоа светска слава, соопштува на Советот на Струшките вечери на поезијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.