Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Падна едно дело за „Талир 1“, но Ристоска е децидна дека може да ја гони ВМРО-ДПМНЕ за перење пари до 2035 година

0
By Zoran Ivanov on January 22, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 22, 2026 17:31

Сите обвинети за злоупотреба се обвинети и за перење пари, само за двајца обвинети застарено е кривичното дело предикатно, додека за сите останати продолжува, вклучително и овие двајца продолжува судењето за перење пари. Станува збор за Никола Груевски и Кирил Божиновски – објаснува Ристоска.

Фросина Факова Серафиновиќ

Застаре едно од кривичните дела во „долгометражниот“ случај „Талир 1“ во кој е обвинета владејачката ВМРО-ДПМНЕ и поранешни функционери на партијата, но обвинителката Ленче Рисотска која го води случајот, а веќе го пријави премиерот Христијан Мицкоски дека и врши притисок со навреди зашто го држи замрзнат имотот на партијата, е децидна дека за другото кривично дело „перење пари“ застарува во 2035 година.

Денешното рочиште се одложи бидејќи обвинителката достави коригирано обвинение со оглед на тоа што последно и за обвинетите Кирил Божиновски и Никола Груевски застаре кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ што е предикатоно односно произлегува од основното кривично дело „перење пари“ за кое се гонат сите обвинети.

-Во конкретниот случај настапена е застареност на предикатното кривично дело, односно на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, поради истек на законските рокови за застареност и измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година. Меѓутоа и покрај застарениот предикат, согласно Закон и постоечката судска пракса, не постојат пречки да се гони перењето пари во овој случај, за кое застареноста настапува во 2035 година. Сите обвинети за злоупотреба се обвинети и за перење пари, само за двајца обвинети застарено е кривичното дело предикатно, додека за сите останати продолжува, вклучително и овие двајца продолжува судењето за перење пари. Станува збор за Никола Груевски и Кирил Божиновски – објаснува Ристоска.

Со денешното одложување на рочиштето на кое не беше присутен ниту адвокатот на политичката партија Дончо Наков, судењето ќе почне дури по шести пат од почеток бидејќи истекле 90 дена од последното одржано рочиште. Според Ристоска, единствената стратегија на обвинетите е да избегнат одговорност со одолговлекување и застарување на делото.

-Со денешното одлагање, значи дека судењето нареден пат треба да почне од почеток, по шести пат и би рекла дека во овој случај доказната стратегија на обвинетите, меѓу другото е фокусирана на одложување на оваа постапка, бидејќи само преку застареност можат да избегаат од одговорност, бидејќи се работи за предмет за кои самите се свесни дека Обвинителството поседува цврсти докази – вели Ристоска.

Ристоска поднела тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Додека течат судењата за „Талир 1“ и „Талир 2“, предмети во кои е замрзната Белата палата и цел имот на владејачката партија, „течат“ и јавните навреди од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за Ристоска, но последно и од премиерот кој ја нарече „медиокритет“ со „политичко-корупциска матрица“. Ристоска против ВМРО-ДПМНЕ која ја обвинуваше за земање бонуси и ја нарекуваше „пропадната ѕвезда на СЈО“ поднесе тужба за клевета, а премиерот го пријави во Советот на јавни обвинители.

-Јас ги преземам сите институционални механизми што ми се на располагање, бидејќи недозволено е кое било обвинето лице да врши притисок на јавен обвинител, најмалку од позиција на моќ. Да поднесов тужба за политичката партија, за премиерот поднесов известување до Советот на јавни обвинители – додаде Ристоска.

Советот веќе формираше Комисија која ќе го испитува известувањето на Ристоска за премиерот, иако тој рече дека не ја споменал со име и презиме и му било чудно како се препознала.

Причината зад сите овие напад ги толкува како притисок врз неа откако не даде одобрение да се одмрзне имотот на партијата во судските случаи под кодно име „Талир“ кои уште судат пред Кривичниот суд.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

Ленче Ристоска Талир фросина факовиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.