Published: Monday, April 15, 2019 20:05
Пожарот кој попладнево избувна во грандиозната градба во центарот на Париз, ја собори главната купола на катедралата. Се уште не се познати причините како настанал пожарот во Богородичната црква.
Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.
Во моментов пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Неофицијално пожарот настанал како последица на зафати за реновирање.
Минатата година, католичката црква во Франција имаше апел за собирање средства за спас на катедралата, која се чини дека почнува да пропаѓа.






