Published: Wednesday, May 10, 2017 15:36
Косовското Собрание изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа.
Гласањето беше на барање на опозицијата.
За соборување на Владата гласаа 78 пратеници, против 34, а воздржани беа тројца. За паѓање на Владата беше потребно мнозинство гласови, односно 61 пратеник. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.
За време на повеќе часовната расправа во Парламентот, двете владеачки партии меѓусебно се обвинуваа за неред, недостаток на координација и одлучување и коруптивни афери од претходно.
Официјална Приштина сега е во исчекување на предвремени парламентарни избори.




