Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Паднаа“ и директорите на Градски паркинг и Дрисла

0
By Соња Крамарска on September 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Директорот на Градски паркинг Бојан Христовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорите на скопски „Градски паркинг“ Бојан Христовски и на депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски, кои беа дел од кадровскиот пазар со ВМРО-ДПМНЕ, денеска си поднесоа оставки од функциите. Оставките следуваат откако Арсовска вчера од функција го разреши директорот на „Водовод“ Златко Перински, поранешен шеф на кабинет на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оти се сомневала во процедурата на тендерот за пречистителна станица.

Како што порачаа преку социјалните мрежи Христовски и Мицевски заминуваат од функциите бидејќи градоначалничката Данела Арсовска била незаинтересирана за Град Скопје, не била достапна за нив, не можеле да реализираат многу проекти и се занимавала со хајки и пресметки.

„Малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот. Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и Градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реализираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата“, вели Бојан Христовски кој осум месеци беше директор на јавното претпријатие „Градски паркинг“.

Директор на „Дрисла“, пак, Јане Мицевски тврди дека воопшто немал  соработка со Арсовска изминативе 9 месеци. „Секој индивидуален успех на било кое претпријатие не е целосен доколку истото не добие поткрепа од колективитетот во кој Дрисла мора да функционира, а тоа е Градот и нејзиниот прв човек. Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал досега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје“, вели Мицевски.

Се огласи и градоначалничката Данела Арсовска која исто така преку социјалните мрежи порача дека таа им понудила можност да дадат оставка или да бидат разрешени. „Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени. Скопје е на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери“, вели Арсовска дополнувајќи ја објавата на Фејсбук со хаштагот „нулта корупција“.

градски паркинг Данела Арсовска Дрисла разрешени директори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.