Published: Sunday, April 14, 2019 14:22
Кај најголемите социјални мрежи денеска е регистриран глобален проблем и тие не се достапни во повеќе делови на светот, објавија западните медиуми.
Корисниците ширум Европа имаат технички проблеми со Фејсбук, а корисниците од Малезија и САД, покрај проблемот со Фејсбук, немаат пристап ниту до Инстаграм и Ватсап.
Веб страницата downdetector.com, која ги следи поплаките за достапноста на популарните интернет-страници, добила стотици пријави за сите три популарни мрежи во сопственост на американскиот технолошки гигант Фејсбук.
Засега нема одговор од Фејсбук за причините.





