Челникот на руски „Лукоил“, Равил Маганов (67) почина претпладнево по пад од прозорец во болница во Москва, изјави извор за „Ројтерс“. И дел од руските медиуми известија за смртта на Маганов, но сè уште се немаат огласено од компанијата.

Маганов беше во вториот по големина руски производител на нафта од 1993 година, кога е основана компанијата. Во прво време беше задолжен за надзор на рафинеријата, производството и истражувањето, потоа извршуваше и други функции, пред да биде назначен за претседател на Управата во 2020 година.

Неговиот брат Наил е на чело на компанијата „Татнефт“, руски производител на нафта со средна големина.