Популарноста на претседателот на Франција, Емануел Макрон се намали за два процента за само еден месец, од ноември до декември, според анкетата на Ифоп објавена за весникот Ле Журнал ди Диманш, само 23% од испитаниците изјавиле дека се задоволни од него, јавува дописникот на МИА.
Процентот на испитаници кои велат дека се „задоволни” со Емануел Макрон паѓа од 25 на 23%, додека оние на „незадоволните” се зголемува од 73 на 76%.
Во детали, процентот на испитаници кои велат дека „многу задоволен” останува стабилен на 4%, а „прилично задоволен” се намали од 21 на 19%.
Меѓу „незадоволните”, и „повеќе незадоволни” се помалобројни отколку во ноември (31% наспроти 34%), но од друга страна „многу незадоволните” претставуваат 45% од испитаниците наспроти 39% минатиот месец.
Рејтингот на Емануел Макрон по неговиот избор во мај 2017 година беше 62%.
Премиерот Едуард Филип ја има истата судбина како шефот на државата.
Неговиот рејтинг е намален за три отсто од ноември до декември и сега 31% рекле дека се задоволни, а 66% изјавиле дека се незадоволни.




