Словенечкиот претседател Борут Пахор вчера започна предвремена кампања за претседателските избори.
Тој од вчера тргна во пешачка авантура во чии рамки планира една недела да пешачи низ Словенија, со последна станица Пиран.
Пахор и неговата мала екипа, во која се синот Лука и две претставнички за односи со јавност, вчера попладне тргнаа од Ходош, близу границата со Унгарија, а секој ден планираат да минуваат по околу 40 километри се додека не стигнат до морето.
Во Пиран планираат да стигнат в понеделник, затоа што Пахор како што официјално објави, во вторник има службени обврски.
Оваа авантура тој сака да ја искористи за средби со граѓаните, а својата промоција преку ПР тимот ја прави на социјалните мрежи.
Пахор всушност е на годишен одмор, а кој признава дека го ставил во функција на предвремена предизборна кампања.
Мандатот на Пахор истекува кон крајот на оваа година, а точниот датум на новите избори треба да биде објавен в петок.
Пахор во овој момент е фаворит за победа на изборите.




