Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пахор: Потребен е компромис прифатлив за Северна Македонија и Бугарија

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателите на Хрватска, Австрија и Словенија – Зоран Милановиќ, Александар Ван дер Белен и Борут Пахор, се состанаа на осмиот годишен состанок на трилатералата во Костањевица на Крка во Словенија. Главни теми на средбата се конференцијата за иднината на ЕУ, закрепнувањето по пандемијата на Ковид-19 и европската перспектива на државите од Западен Балкан. Фокус е ставен на бугарската блокада на Северна Македонија.

Пахор изрази надеж дека до октомври, кога Словенија е домаќин на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, може да се постигне компромис, кој ќе ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

– Сите ја разбираме сложеноста на овој процес. Посебен акцент е ставен на прашањето за компромис кој би бил прифатен од Северна Македонија и Бугарија. Тоа е еден од ретките мерливи резултати на словенечкото претседавање. Ако успееме во тоа, што нема да биде едноставно, тогаш можеме да кажаме дека сме направиле многу за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, бидејќи ќе ја зајакнеме довербата во веродостојноста на Унијата, која претходно и вети на Северна Македонија дека доколку ги исполни сите услови поврзани со грчката блокада, ќе добие „зелено светло“ за продолжување на преговорите, изјави словенечкиот претседател.

Хрватскиот претседател од своја страна истакна дека на „Северна Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата“.

– И околу Западен Балкан, и околу Северна Македонија и Албанија, јас многу јасно кажав пред еден или два месеца, кога е во прашање Северна Македонија, но сега некои работи се изменети. Имаше избори во Бугарија, се надевам дека тоа ќе ја олесни ситуацијата и дека на младиот, новиот и малку економски послабиот кандидат Северна Македонија, нема да и се прават проблеми и да и се поставуваат услови кои се невозможни, односно кои влегуваат во интимниот простор на нацијата, додаде Милановиќ.

Шефот на словенечката држава објасни дека е многу важно, геополитичко прашање проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во спротивно, според неговите претходни ставови, „некои други играчи ќе влезат во тој простор на југозападна Европа“.

Истото го потврди и австрискиот претседател Ван дер Белен, кој смета дека „тоа е еден од приоритетите, пред се, поради историски, економски и семејни причини“, нагласувајќи дека тоа е важно прашање за Австрија.

Бугарија ЕУ Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.