Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пакетот со милијарди евра на Урсула фон дер Лајен

0
By Нова ТВ on May 27, 2020 СВЕТ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 27, 2020 10:03

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен сака да мобилизира најмалку илјада милијарди евра за обнова по короната-кризата. Контурите на предлогот, како што пишува „Дојче Веле“, се јасни: во рамките на наредниот ЕУ-буџет треба да се мобилизираат најмалку илјада милијарди евра за поддршка на европската економија по корона-кризата. Притоа, само еден мал дел се вистински пари, а остатокот се гаранции, прераспределби и првпат во историјата – долгови. Планот ќе биде претставен денеска напладне и’ ќе ја зголеми моќта на Фон дер Лајен, затоа што таа ќе биде надзорник над „Фондот за опоравување“ на ЕУ. Огромната сума значи удвојување на ЕУ-издатоците. Регуларниот буџет на ЕУ 2021/2027, кој сè уште нема добиено зелено светло, е тежок исто така илјада милијарди евра.

Како ќе се распределат парите?

Европската комисија веќе сега дели регионална помош со која со децении им се дава поддршка на економски слабите региони во Европа. Слично ќе биде и со корона-помошта, но отворено е дали државите притоа ќе треба да дадат и сопствено учество.

Парите би требало да се дадат за долгорочни цели на ЕУ, значи за проекти против промената на климата, дигитализација или истражувања и развој. Од Фондот за опоравување, меѓутоа, не би требало да се одржуваат во живот индустрии кои се загрозени од банкрот поради корoнатa. Тука ќе има политички судири, затоа што многу држави се надеваат на итна помош за задржување на работните места.

Парите би требало да одат директно за најтешко погодените региони од корона-кризата, значи нема да има дотации во државната каса. Но, дали може „на нозе“ да се постават доволно брзо доволен број проекти? – Италија, на пример, уште сега не е во состојба да ги повлече парите кои се одобрени од страна на Брисел. И, дали ЕК може да мобилизира доволно службеници за распределба на новите милијарди?

Постои отпор

Кога германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон го претставија својот Фонд за обнова финансиран од долгови и тежок 500 милијарди евра, канцеларката покажа и како да се убедат оние дома кои се сомневаат во успехот на планот – заеднички одговор на кризата е исто така и во германски интерес, објасни таа. Државниот министер за европски прашања во германското МНР, Михаел Рот вчера во Брисел го повтори аргументот: солидарноста не е само великодушен гест, „солидарноста е во сечиј интерес“.

Ваквите објаснувања се упатени на адреса на „штедливата четворка“: Австрија, Данска, Холандија и Шведска. Тие сакаат средствата за посткорона фондот да не се делат како субвенции, туку како кредити.

Наспроти нив е исправена високозадолжената Италија. Рим не сака да го зголемува и натаму ридот од долгови што го има земјата. Италијанскиот министер за европски прашања Енцо Амендола го критикуваше планот на „штедливата четворка“ како дефанзивен и несоодветен и во врска со презентацијата на планот за обнова рече: „Комисијата на ЕУ на 27 мај треба да биде похрабра.“

Решението на проблемот би можело да биде мешавина од субвенции и кредити. Фон дер Лајен сака да предложи микс од 60:40, па дури и 70:30 за да ја задоволи групата на штедливите.

Досега нема согласност ниту за ЕУ-буџетот

Спорот се комплицира и поради тоа што истовремено би требало да се донесе наредниот среднорочен финансиски план, регуларниот буџет на ЕУ. И тука земјите членки досега се далеку од договор. „Штедливата четворка“ бара резови во буџетот, додека француската министерка за европски прашања Амели де Моншален категорично предупредува дека тоа не треба да се прави и вели: Не смеете „да го ограбите Петер, за да му платите на Паул“, односно да се кратат пари од буџетот кои потоа би се префрлиле во Фондот за опоравување. Франција се залага за буџет на ЕУ кој има пари за долгорочни програми, како заедничка одбрана и „Зелениот договор“, но и Фонд за обнова кој на државите би им помогнал со пари кои потоа не би морале да ги враќаат.

Преговорите за буџетот и во нормални времиња се тешки и комплицирани и на самитите се водат до доцните ноќни часови. Сега треба истовремено да се постигне договор за два лонци со милијарди и сето тоа да се изгласа едногласно. Оттука, се очекува договор по ова прашање да падне на вонреден самит, кој би требало да биде ставен на дневен ред од страна на германското претседателство со ЕУ, кое почнува на 1 јули. Притоа, шефовите на држави или влади веројатно и првпат по долга пауза ќе седнат на големата маса во Брисел.

Европска комисија Корона-криза предлог Урсула фон дер Лајен. Буџет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.