Published: Wednesday, January 21, 2015 11:52
Палестинец нападнал со нож и ранил девет луѓе во автобус во центарот на Тел Авив, пред да го совлада полицијата, соопшти портпаролот на израелската полиција Луба Самри.
Петмина од нив се здобиле со сериозни повреди, а четворица биле полесно повредени.
Полицијата го идентификувала напаѓачот како 23 годишен Палестинец од Тулкарем, од окупираниот Западен брег.
Ова е најновиот од серијата инциденти меѓу Израел и Палестина последниве неколку месеци, откако се зголемија тензиите на Западниот брег и источен Ерусалим.




