Published: Wednesday, December 10, 2014 20:48
На возраст од 55 години денеска почина министер на Палестина кој во расправија со израелската гранична полиција за време на протестите на Западниот Брег бил удрен во пределот на градите.
Министерот без ресор Зиад Абу Еин учествувал на протестот против проширувањето на доселеничките населби на окупираните палестински територии.
Тој паднал на земја, по што бил однесен во болница, но починал по пат. Сè уште не е позната причината за смртта.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека се работи за „варварство“ кое Палестинците не може да го премолчат или да го прифатат.




