Палестинците на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим денеска одговорија на повикот за генерален штрајк со кој се бара прекин на 18-месечната војна во Појасот Газа. Улиците се напуштени, продавниците се затворени, како и училиштата и јавните служби на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година, пренесуваат агенциите.
Коалицијата која обединува неколку палестински политички движења, вклучително и главните ривалски групи, Фатах и Хамас, повика на штрајк еден ден претходно за да се „запре геноцидот и масакрот“ врз палестинскиот народ.
Повикот за штрајк е упатен до сите окупирани палестински територии, бегалски кампови и луѓето кои се солидарни со палестинската кауза.
إضراب شامل في مدينة نابلس شمال الضّفة الغربية في اليوم العالمي للإضراب من أجل غزة ووقف حرب الإبادة#إضراب_عالمي_لأجل_غزة pic.twitter.com/k8b2GcONcP
— ساحات – عاجل (@Sa7atPlBreaking) April 7, 2025
Собирот е планиран за денеска во центарот на Рамала, каде се наоѓаат повеќето министерства на палестинската управа, која има само ограничени овластувања на окупираниот Западен Брег.
Продавниците денеска се затворени и во источен Ерусалим, дел од градот во кој живеат повеќето Палестинци, кој Израел го окупираше и анектираше во 1967 година.