Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандемија: Австрија по четврти пат „се заклучува“ поради ковид-19

0
By Sashko on November 22, 2021 СВЕТ
Фото: cnbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска во Австрија почнува четвртиот локдаун поради пандемијата на коронавирус, со што земјата стана првата западноевропска земја што повторно воведе драстична и непопуларна мерка оваа есен.

Повеќето места каде што се собираат луѓето, како ресторани, барови, театри и продавници, ќе бидат затворени на 10 дена, а Владата соопшти дека заклучувањето може да продолжи и 20 дена.

Ќе мора да се затворат и божикните саеми кои привлекуваат голем број туристи, но скијачките центри остануваат отворени за вакцинираните. Хотелите ќе се затворат, но ќе останат отворени за оние кои останале во нив пред заклучувањето.

Ова е ситуација кога треба да реагираме сега. Заклучувањето, релативно тежок метод, е единствената опција за намалување на бројот на инфекции овде, изјави министерот за здравство, Волфганг Муекштајн за ОРФ.

Во петокот, Владата во Виена соопшти дека повторно ќе воведе целосно заклучување и оти вакцинацијата ќе биде задолжителна од 1 февруари, потег што го спроведоа само неколку земји.

Граѓаните можат да ги напуштат домовите само доколку одат на работа или да купат основни намирници. Одењето на прошетка е дозволено без временски или далечински ограничувања, а истовремено може да се сретнат две лица од различни домаќинства.

Работните места и училиштата остануваат отворени, но Владата побара од родителите да не ги испраќаат своите деца во училиштата и да ги задржат дома ако е можно.

Австрија Ковид-19 Локдаун Пандемија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.