Северна Македонија е една убава слика, нашите финансиски резултати тука се многу добри. Гледаме политичка стабилност, регионална интергација, подобрена инфраструктура, владеење на правото. Тоа се работи што ги бараат инветситорите. Но, мора да се работи на перцепцијата за земјата, да се објасни добро каде се наоѓа, што нуди, кои се нејзините потенцијали, рече денеска потпретседателот на ЕБРД, Јурген Ригтеринк.

Во рамки на четвртиот панел од конференцијата за економско пост-КОВИД закрепнување, Ригтеринк истакна дека за ЕБРД земјава е многу важна. Кумулативно, тука се вложени над две милијарди евра и секоја година се инвестираат по околу 150 милиони евра, 50 отсто во јавен и 50 отсто во приватен сектор.

-Секако, треба да се земат предвид и ограничувањата на Северна Македонија, популација до два милиона, континентална земја која не може сама, но затоа сме тука ние, пријателите и другите партнери кои ја поддржуваме инфраструктурата и даваме поддршка на владиниот план за пристапување во ЕУ зашто веруваме дека сите работи заедно ќе овозможат странските инвеститори да ја реоткријат Северна Македонија, напомена потпретседателот на ЕБРД.

Лилјана Павлова од Европската инвестициска банка (ЕИБ) се осврна на поддршката за дигитализација и иновации. Многу е важно, истакна Павлова, да се изберат вистинските инструменти за максимално искористување на расположливите средства, посебно од ЕУ.

-Прво да се анализираат научените лекции, па да се испланираат инвестиции. Важно е како најдбро да се искористат ЕУ финансиите преку различните инструменти кои се на располагање, инструменти кои мобилзиираат приватен капитал и поддржуваат приватни инвестиции. Да се идентификува кои се најдобрите, да имаме дводимензионална гаранциска шема, една за приватниот сектор, да се насочиме кон дигитализација и обновливи извори на енергија, нагласи Павлова.

ЕИБ, додаде, е подготвена да и даде на земјава техничка, финансиска и советодана поддршка за избор на вистинските инструменти и фондовои за успешно искористување на расположливите средства од ЕУ.

-Северна Македонија постигна голем напредок во реформската програма и се надевам дека патот за пристапување кон ЕУ ќе биде наредниот важен чекор, рече Павлова.

Регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим се задржа на јавните-приватни партнерства (ЈПП) како модел кој може да донесе практично знаење и експертиза посебно во делот на инфраструктурните проекти, но и да ја стави земјава на мапата на инвестициите. Тоа е сигнал, посочи, дека државата е отворена за бизнис, за конкурентност, посвеетност и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор.

-Земјите во развој во нормални времиња мора да инвстираат пет отсто од БДП во инфраструктура годишно, а Северна Македонија, за поголема конкурентост и поврзаност, треба да инвестира уште повеќе. Треба да се вложи и во дигитализација на економијата, во зелена транзиција, во подобар здравствен и образовен систем. Може да имаме најголемо влијание во Северна Македонија ако и помогнеме на Владата да изготви и спроведе помал број страешки јавно-приватни партнерства во инфраструктурата што ќе помогне да провлечете приватен капитал и не само тоа. Во ЈПП е важна и можноста за привлекување експертиза и искуства, најдобрите во светот. Ниту една влада денес не може сама да донесе иновации, експертиза, знаење и искуства како што можат партнерствата, истакна Наим.

На панелот свои видувања дадоа и претставници од трите најголеми стопански комори во земјава.

За да може приватниот сектор да ги реализира најавените инвестиции, освен внимателното дизајнирање на мерките за борба против пандемијата, треба да се решат и децениските системски слабости кои влијаат врз конкурентноста на македонската економија. Доцниме со инвестиции во инфраструктурата, со реализација на автопатите, железниците. Многу сме блиску до другите главни градови во регионот, но во однос на потребното време за движење сме всушност многу далеку.

Ова беа само дел од забелешките на бизнис заедницата кои можеа да се слушнат на денешниот втор панел во рамки на конференцијата за економско пост-КОВИД закрепнување.

Претставниците на стопанските комори побараа ревизија на даночниот систем и обезбедување ниски даноци пред се за домашните компании, функционална и ефикасна администрација, намалување на бирократските процедури и навремено исполнување на обврските кон компаниите од страна на државата, јавните претпријатија и општините. Повторно се пожалија на сивата економија и укажаа на потребата од борбата против криминалот и корупцијата. Истакнаа и дека без владеење на правото, нема развој на економијата.

Стопанските комори ја пофалија соработката со Владата. Нагласија дека во пакетот мерки за поддршка беа имплементирани голем број од нивните предлози. Сепак, потенцираа, на посочените предизвици мора да се работи со цел нивно што поскоро надминување.

Според коморите, приватниот сектор и во овие услови, на КОВИД-криза, продолжува со инвестиции. Тие го поздравија новиот циклус на инвестиции што го најавува владата за периодот 2021 – 2027 во износ од над осум милијарди евра.

-Недоволната ефикасност на администрацијата и на централно и на локално ниво, комплексните бирократски процедури за издавање исправи, дозволи и сертификати, инфраструктурата и сивата економија, се предизвиците со кои се уште се соочуваме. Дел од овие предизвици во моментов ги разгледуваме и им ги предочуваме на Владата и институциите. Многу е важно, особено во овие тешки услови за комапниите, процесите да се забрзаат за да се зголемат потенцијалите за приватни инвестиции, рече заменик-претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Јелисавета Георгиева.

Според претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа, мора да се направи баланс меѓу фирмите кои во КОВИД-кризата беа успешни, остварувајќи 300 милиони евра инвестиции лани и оние кои мораа да ги затворат компаниите и да ги отпуштат работниците.

За Хоџа, клучна е и регионалната соработка.

-Мора да бидеме регионално интегрирани за подобра соработка. Но, од апсект на деловната заедница, имаме јазови, пороблеми, кои мора што поскоро да се надминат. Приватниот сектор докажа дека може да е од клучно значаење во вакви турбулентни периоди. Општествата мора да бидат сервис на граѓаните, да ги направат нивните животи подобри, нагласи Хоџа.

Претседателката на Сојузот на стопанските комори, Данела Арсовска, ја истакна потребата од поддршка за преживување на приватниот сектор, а за тоа, рече, мора да има силна институционална поддршка. Треба да се грижиме за здравјето, но граѓаните и фирмите мора да имаат финансии, тоа е нашата главна заложба, рече Арсовска.

-Се соочуваме со предизвикот да преживееме. Мора да најдеме начин да се прилагодиме, да се грижиме за здравјето, но и за економијата. Дадовме поддршка не некои од владините мерки кои навистина беа од помош за зачувување на работните места и малите и средните прстпријатија. Заедно со Зелениот договор мора да се грижиме и за здравјето и за економијата. Се надеваме дека Владата ќе излезе со нов сет мерки зашто без можнсот за преживување се би било попусто. Важно е да има силна институционална поддршка за да преживее приватниот сектор, потребни се финансиски, но и нефинасиски мерки – справување со корупцијата е една од клучните работи која треба систематски да се реши, владеење на правото, бробра против сивата економија, подвлече Арсовска.

На панелот зборуваа и претставници на меѓународни финансиски институции, вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министрите за економија и за транспорт и врски, Крешник Бектеши и Благој Бочварски.