Published: Sunday, March 6, 2022 14:11
Папата Франциск денеска ги отфрли тврдењата на Русија дека спроведува „специјална воена операција“ во Украина, изјавувајќи дека земјата е погодена од војна.
„Во Украина течат реки од крв и од солзи. Ова не е само воена операција, туку војна која води до смрт, уништување и беда“, рече папата во своето неделно обраќање пред насобраните верници на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, пренесоа британските медиуми.




