Папата Фрaнциск се извини што доцнеше на неделната миса на плоштадот „Свети Петар“, затоа што се заглавил во лифт во Ватикан.

82-годишниот Папа рече дека бил заробен во лифтот цели 25 минути поради прекин на електрична енергија пред да биде ослободен од пожарникарите.

„Морам да се извинам што доцнам“, рече насмеан Папата, а потоа побара од верниците  да дадат аплауз за пожарникарите, прнесе ББС.

Обраќајќи се пред толпата, папата рече дека снемало струја и лифтот запрел. Пожарникарите дошле веднаш, но им требале 25 минути да ја отворат вратата и да го ослободат Папата.

Телевизиските мрежи во Италија кои ја пренесуваа во живо молитвата претпоставуваа дека доцнењето на Папата  можеби е поради здравствени причини.