Папапата Францис кој го започнува своето патување во Африка се очекува да повика на мир и надеж во време кога католичката популација се соочува со огромни предизвици.
Неговото патување започнува денеска во Кенија, а потоа во Уганда и Централна Африканска Република, каде што пак втора година по ред христијаните и муслиманите се во конфликт а страда цивилното население.
Популацијата на католици постојано расте во Африка и се очекува да достигне рекордно највисок број во следните неколку години. Според Бил О’Киф, заменик-претседател на Католички услуги, американска хуманитарна организација која дејствува во Африка, од 1980 година, бројот на католици пораснал на речиси 200 милиони луѓе.
– Доколку продолжи сегашниот растечки тренд, до 2040 госина 24 отсто од Африканците ќе бидат католици.
Ситуацијата со религијата во Централна Африканска Република е критична откако пред две години, муслимански бунтовници извршија пуч врз христијанскиот претседател, по што ситуацијата меѓу христијаните и муслиманите е во постојана тензија.
Поради тоа, стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови.




