Published: Monday, November 17, 2014 13:54
Папата Франциско за прв пат ќе ги посети Соединетите Американски Држави како поглавар на Римокатоличката црква во цептември 2015 година, соопшти Ватикан.
Според портпаролот на Ватикан тој ќе патува во Филаделфија на Светскиот собир на фамилиите, католички јавен настан кој ја слави фамилијата како основа за општеството.
Со тоа, Франциско ќе стане четвртиот Поглавар кој го посетил САД во историјата. Според предвиденото тој треба да одржи миса во Филаделфија на 27.септември.
Светскиот собир на фамилиите го воведе Јован Павле II во Рим 1994 година, и оттогаш се одржува на секои три години.




