Папата Францис денеска го посети концентрациониот камп Аушвиц во Полска, како почит за над милиони жртви, најголем дел Евреи, за време на Втората светска војна.
Со ова, Францис станува третиот поглавар на Римокатоличката црква кој го посетил ова место.
Минувајќи низ влезот на Аушвиц под натписот „Работата ослободува“, странските медиуми пишуваат дека Папата го направил тоа молејќи се за жртвите.
Тој ја посетил и келијата на полскиот католички свештеник Максимилијан Колби, кој почина во 1941 година кога волунтираше да биде заменет за еден од затворениците кој беше пред егзекуција.
Пред „Ѕидот на смртта“ се сретнал со неколкумина преживеани поранешни затвореници, се ракувал и ги бакнал.
Поглаварот на Римокатоличката црква исто така ќе го посети и Биркенау, каде што се меморијалните оставки на христијаните и Полјаците.
Аушвиц претходно го посетија Јован Павле Втори, кој е Полјак, како и Германецот Бенедикт Шеснаесетти.
Папата Франциско, кој е Аргентинец, престојува во посета на Полска по повод меѓународниот собир на католичката младина, кој се одржува во Краков.




