Папата Франсико повика на единство на католичката и православната црква. Во присуство на патријархот Вартоломеј, со кој денеска одржаа заедничка литургија, тој апелираше на создавање заедница.
Папата се обидува да го прекине нетрпението помеѓу двете цркви кое трае од 1054 година, пренесува Бета.
Франциско и Вартоломеј го осудија и прогонот на христијаните во Сирија и Ирак и повикаа на дијалог со муслиманските верници.
Тие ги повикаа лидерите од регионот да им помогнат на жртвите на Исламската држава.
Папата Франциско кој е претставник на католичката црква со околу 1.2 милијарди верници, и патријархот Вартоломеј кој е лидер на 300 милионио православни верници во светот, бараат „конструктивен дијалог“ со исламот кој ќе се основа на заедничко почитување и пријателство.




