Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папата Лав: Либан е доказ дека различните религии можат да живеат заедно

0
By Zoran Ivanov on December 1, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 1, 2025 20:31

Папата Лав Четиринаесетти денеска упати силен апел за меѓурелигиски дијалог во Либан, пофалувајќи ја земјата како пример за соживот меѓу различни верски заедници.

Во земја погодена од војни и кризи, Либан покажува дека „христијаните, муслиманите, Друзи и многу други можат да живеат заедно и да градат држава обединета со почит и дијалог. Во време кога коегзистенцијата изгледа како далечен сон, народот на Либан, иако припадник на различни религии, е моќен потсетник дека стравот, недовербата и предрасудите не се последниот збор – и дека единството, помирувањето и мирот се возможни – изјави поглаварот на Католичката црква при посетата на Бејрут.

Во тој контекст ги повика Либанците да бидат „градители на мир“, да се спротивстават на нетолеранцијата, да го надминат насилството и да го отстранат исклучувањето.

Папата говореше на плоштадот на Мачениците во Бејрут, заедно со претставници на различни религии, во непосредна близина на џамијата Мухамед ал-Амин и катедралата „Свети Ѓорѓи“.

На церемонијата се обратија и сунитски и шиитски верски лидери.

Сунитскиот голем муфтија на Либан, шеик Абдул Латиф Дериан, го поздрави понтифот.

Со овие темели на верата, го поздравувам големиот гостин на Либан, папата Лав XIV, посакувајќи му успех во водењето на христијанскиот брод за доброто на човештвото – порача тој.

Ја цениме вашата посета во овие околности… сите се надеваме дека вашата посета ќе придонесе за зајакнување на кревкото национално единство во оваа земја, оптоварена со рани поради тековната израелска агресија – изјави заменик-претседателот на Високиот исламски шиитски совет, шеик Али ал-Катиб, по средбата со папата.

Тој додаде дека „војни водени во име на религијата не ја одразуваат вистинската природа на религијата, која е заснована на светоста и достоинството на човечкиот живот“.

Либан е дом на повеќе религиски заедници, вклучувајќи муслимани – сунити и шиити – христијани и Друзи.

Земјата се соочува со најтешката економска криза во својата историја, со околу 60 отсто сиромашни. Напнатата безбедносна ситуација по последната војна меѓу Хезболах, поддржан од Иран, и Израел ги продлабочи проблемите.

Во центарот на Бејрут, под силно полициско обезбедување, муслимански и христијански верници го поздравија папата.

Јас сум муслиман, но папата е за сите и во оваа земја сакаме единство и молитва – изјави за ДПА Сами Кабани.

Пред обраќањето, беше одржана муслиманска молитва во присуство на папата.

Претходно, папата го посети гробот на свети Шарбел Маклуф во Анаја, северно од Бејрут. И покрај постојаниот дожд, многу Либанци стоеја долж трасата, мавтајќи со либански и ватикански знамиња и фрлајќи ливчиња и ориз врз неговото возило.

Гробот на Маклуф (1828–1898) е значајно место на аџилак за христијаните. Маклуф бил монах кому му се припишуваат чуда. Таму, Лав тивко се помоли, потоа им се обрати на присутните на француски: „Се молиме за мир во светот. Посебно се молиме за Либан и за целиот Левант“.

Папата потоа го посети светилиштето во Хариса, каде го пречекаа околу 2.000 свештеници, монаси, калуѓерки и верници. На местото каде се издига статујата на Богородица, толпата го пречека со громогласен аплауз и повици „Да живее папата!“.

 

лав Либан Папа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.