Published: Monday, November 30, 2015 10:52
Папата Францис за време на својата посета на џамија во престолнината на Централноафриканската република, во Банги, порача дека христијаните и муслиманите се браќа и никако не смеат да си нанесуваат насилство.
– Оние кои веруваат во Бог мора да бидат луѓе кои се за мир. Заедно мораме да и кажеме не на омразата, на одмаздата и особено насилството кое се врши во име на верата. Бог значи мир, порача поглаварот на Римокатоличката црква.
Според него, посетата би била некомплетна доколку не се сретнел со муслиманската заедница.
Населбата каде што се наоѓа џамијата која ја посети папата Францис, последните неколку месеци беше предмет на меѓуверски судири помеѓу муслиманските бунтовници и вооружените христијани.




